Македонија

Кекеновски до Марта Кос: Македонскиот идентитет не е кујнски рецепт

Tокму таквиот пристап ја покажува ограниченоста на европската перспектива кога станува збор за нашето прашање

Университетскиот професор Јове Кекеновски со реакција по изјавата на еврокомесаката Марта Кос, дадена вчера во Скопје во која го спореди идентитетот со традиционални јадења и обичаи.

„Со сета почит – но да бидеме јасни: ние, Македонците, не го мериме нашиот идентитет според тоа колку лути пиперки ставаме во пинџурот, ниту колку убава е тавата со грав. Идентитетот не е фолклорна манифестација или гастрономско доживување“, пишува Кекеновски.

Тој посочува дека македонскиот идентитет е историски, јазично, културно и политички оформен низ векови, и постојано изложен на негирања и условувања – токму во контекст на евроинтеграциите.

„Не сакам да верувам дека вашата изјава била свесно насочена кон банализирање на македонскиот идентитет. Верувам дека намерата ви беше топла. Но токму таквиот пристап ја покажува ограниченоста на европската перспектива кога станува збор за нашето прашање“, наведува професорот.

Во писмото, Кекеновски потсетува дека за разлика од Словенија, која никогаш не била цел на системско негирање од страна на соседна земја-членка на ЕУ, Македонија со години се соочува со барања кои директно ја засегаат нејзината етничка и културна самобитност.

„Во момент кога во Европскиот парламент се поднесуваат амандмани што го негираат македонскиот јазик како посебен, ваквото сведување на идентитетот на кујнска традиција е конкретен удар врз борбата на еден мал народ да го зачува своето право на постоење во сопственото име, јазик и култура“, истакнува тој.

Кекеновски ја повика Кос, но и европската администрација, да го разберат сензитивитетот на македонското прашање и да не го сведуваат на етнографија и рецепти.

„Слушајте нè. Почитувајте нè. И разберете: идентитетот не е објаснување за ЕУ. Тој е темел на човечко достоинство“, завршува Кекеновски.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top