Македонија

Шокантен повик на Филипче до САД за воена интервенција во Македонија како во Венецуела и Иран (ВИДЕО)

Засега од СДСМ не демантираат ниту дообјаснуваат дали Филипче навистина сака воена интервенција на Америка против Македонија или грешно се изразил

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска побара од САД да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела.

Простата логика вели дека со тоа Филипче практично го повика официјален Вашингтон да изврши воена интервенција.

Во одговор на новинарско прашање за нападите на САД врз Иран, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и дека откако ги исрпија сите механизми за преговори настапија кон еден таков напад, за доброто на народот во Иран, додавајќи дека очекува деескалација на ситуацијата.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори, настапија кон таков еден напад кон Иран и сметам дека таквиот напад и сè што се прави е во истиот контекст како што беше направена интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше и за доброто на народот во Венецуела“ рече Филипче.

САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, додаде тој.

„Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелната власт ја турка државата во изолација, иако европската интеграција е стратешки интерес и за Македонија и за САД и за целиот регион.

Поврзана вест

Седум часа по прес конференцијата откако голем број луѓе помислија дека Филипче бара воена интервенција на СДСМ од Бихаќка реакција

СДСМ сега тврди дека Филипче не барал САД да ја бомбардира Македонија

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top