Спорт

Македонските ракометари во Данска ја билдаат формата за ЕП

Средниот бек Митев најавува дека ќе дадат максимум за позитивен резултат против домаќинот и топ-фаворит за златото

Најдобрите македонски ракометари од синоќа се во Данска, кадешто во Силкеборг ги почнаа завршните подготовки за претстојното Европско првенство, на кое ќе стартуваат на 16 јануари од 20:30 часот против домаќинот, кој е актуелен светски и олимписки шампион и најголем фаворит за европското злато.

„Нашиот фокус во моментов е на првиот натпревар со Данска. Тие се фаворити, а ние ќе го дадеме нашиот максимум и наша цел е да извојуваме добар резултат. Имаме уште три дена за да се подготвиме како тактички, така и колку што може подобро физички. Ќе пробаме да го следиме нивниот ритам и се надевам на позитивен резултат“, изјави средниот бек Марко Митев, стрелец на голот за реми 29:29 со Швајцарија во саботата на „Жолтиот куп“ во Винтертур.

Во второто коло од групата на 18 јануари „црвено-жолтите“ ќе играат со Португалија и два дена подоцна со Романија, а во групата од втората фаза ќе одат двете најуспешни селекции.

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top