Македонија

НМ:Не е македонскиот идентитет ресторантско мени?

еврокомесарката Марта Кос со својата изјава покажа подготвеност да ги изеде, изгрицка или да ги прождере македонските национални особености – јазик, историја, култура

Ете, токму тоа многу чисто и јасно ни го стави до знаење комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос. Во ред, сега сме начисто, иако на многумина од нас и претходно ни беше јасно за интенциите на Брисел во врска со нас. Но, сепак, ѝ благодариме на Кос што на другиот дел од македонските „неверни Томовци“ им ги отвори очите за она што го сака и го прави Брисел, пишува Нова Македонија!

Европската Унија преку бриселската бирократија одамна на свој својствен начин се вклучи во процесот за вештачки инженеринг за нова „северномакедонска нација“.

Дека нештата се одвиваат во овој правец се потврди и од „идентитетогладната“ изјава на еврокомесарката Марта Кос дека македонскиот национален идентитет се состои од полнетите пиперки или тавче-гравчето. Во ситуација кога Македонија како држава, нација и општество е постојано под притисок и уцени за да прифати екстремно деноминирачки (геноцидно-културоцидни) барања, флагрантно спротивни на меѓународното право и суштинските вредности на самата Европска Унија,

Брисел преку Марта Кос имаше шанса дипломатски да ги осуди овие политики. Но еврокомесарката Марта Кос со својата изјава покажа подготвеност да ги изеде, изгрицка или да ги прождере македонските национални особености – јазик, историја, култура итн. Изјавата на Марта Кос предизвика бурни реакции во македонското општество, но овие реакции не можеме да ги разбереме како параноја, бидејќи неколку факти потврдуваат дека ваквите обиди се веќе континуитет на низа неолиберални идентитетождерачи.

Не може поинаку да се разбере нејзината изјава, коментира Нова Македонија.

„За потсетување, македонскиот идентитет произлегува од заедничката македонска историја, заедничкиот македонски јазик, македонската културна традиција и сѐ така до бесконечност, затоа Брисел треба јасно да ги осуди сите негирања на македонскиот идентитет, во спротивно станува учесник во етноцидот врз македонскиот народ – велат нашите соговорници.

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос дека македонскиот национален идентитет се полнетите пиперки или пинџур е уште една потврда дека Европската Унија не ја разбира или не сака да ја разбере суштината на наметнатиот проблем од Бугарија.

Во ситуација кога на каков било начин и без да се избираат средства се негираат македонските национални особености, јазик, историја, култура, итн., од страна на официјална Софија, сведувањето на македонскиот идентитет на гастрономија е несериозно и крајно понижувачки – велат нашите соговорници.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

To top