Македонија

САД го стопираат издавањето иселенички визи за граѓани на 75 држави, меѓу кои и Македонија

Суспензијата ќе стартува на 21 јануари и ќе трае до завршувањето на ревизијата на процедурите

Граѓани на 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија, од 21 јануари нема да добиваат иселенички визи за САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето на сите иселенички визи за 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави телевизијата Фокс њуз, повикувајќи се на документ на Стејт департментот.

Фокс њуз објави дека писмото им наложува на американските амбасади да одбијат иселенички визи според важечкиот закон, додека Стејт департментот ги анализира постојните правила.

Престанокот на обработката на ваквите визи ќе трае додека трае ревизијата на процедурите, а целта е спречување на издавањето на лица кои би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно би зависеле од социјални бенефиции по доаѓањето во САД.

На списокот се: Авганистан, Албанија, Алжир, Антигва и Барбуда, Ерменија, Азербејџан, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белорусија, Белизе, Бутан, Босна и Херцеговина, Бразил, Бурма, Камбоџа, Камерун, Зеленортски Острови, Колумбија, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Демократска Република Конго, Доминика, Египет, Еритреја, Етиопија, Фиџи, Гамбија, Грузија, Гана, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Иран, Ирак, Јамајка, Јордан, Казахстан, Косово, Кувајт, Киргистан, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Мароко, Непал, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Република Конго, Русија, Руанда, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Танзанија, Тајланд, Того, Тунис, Уганда, Уругвај, Узбекистан и Јемен.

Конзуларните службеници добиле упатство да ги одбиваат визите на апликанти кои се сметаат за најризични според критериуми како здравствена состојба, возраст, познавање на англиски јазик, финансиска состојба или можни потреби за долгорочна медицинска грижа.

Во ноември Трамп вети дека „трајно ќе ја запре“ миграцијата од сите „земји од третиот свет“ откако авганистански државјанин отвори оган во близина на Белата куќа, убивајќи припадник на Националната гарда.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

To top