Свет

Итна евакуација на Меѓународната вселенска станица: Дел од екипажот во лоша здраствена состојба (ВИДЕО)

Четворица астронаути ја напуштија Меѓународната вселенска станица (МВС) еден месец порано од планираното, во првата медицинска евакуација во историјата на станицата од нејзиното лансирање во 1998 година.

Четворица астронаути ја напуштија Меѓународната вселенска станица (МВС) еден месец порано од планираното, во првата медицинска евакуација во историјата на станицата од нејзиното лансирање во 1998 година.

Астронаутите треба да слетаат во морето крај брегот на Калифорнија во раните утрински часови во четврток. НАСА соопшти дека мисијата била скратена поради медицинска состојба на еден од членовите на екипажот. Идентитетот на астронаутот и природата на состојбата не се објавени, но НАСА нагласи дека тој е стабилен.

Командата на МВС му е предадена на рускиот космонаут Сергеј Куд-Сверчков, заедно со уште двајца членови на екипажот.

Во екипажот што се враќа се:

  • Американските астронаути Мајк Финке и Зена Кардман
  • Јапонскиот астронаут Кимија Јуи
  • Рускиот космонаут Олег Платонов

Тие пристигнаа на МВС на 1 август 2025 година со планиран престој од шест и пол месеци и требаше да се вратат кон средината на февруари 2026 година.

Минатата недела, планираната вселенска прошетка на Финке и Кардман беше откажана во последен момент. Неколку часа подоцна, НАСА објави дека еден член на екипажот се разболел.

„Постојат мешани чувства“, рече Финке во понеделникот додека му ја предаваше командата на Куд-Сверчков.

МВС орбитира околу Земјата на височина од околу 400 километри, правејќи 16 орбити дневно и патувајќи со брзина од околу 28.000 километри на час. Станицата ја управуваат пет вселенски агенции (НАСА, Роскосмос, ESA, JAXA и CSA) и е платформа за обемни научни истражувања за влијанието на бестежинската состојба врз луѓето, животните и растенијата.

Ова е првпат во 27-годишната историја на МВС да се случи медицинска евакуација на целиот екипаж поради здравствена состојба на еден член.

Слетувањето на екипажот можете да го погледнете на линкот подоле

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top