Македонија

Уште една жртва на инфлуенца А во Инфективна, расте бројот на хоспитализирани

69 годишен пациент втора жртва годинава од грип

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако кај него лабораториски била потврдена инфлуенца А.

Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информира дека пациентот бил донесен во исклучително тешка здравствена состојба, со веќе развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Симптомите, како што посочи, се развиле пет дена пред хоспитализацијата, а поради сериозноста на состојбата бил поставен на механичка вентилација.

Пациентот имал повеќе коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако припаѓал на ризична група.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 30 пациенти заболени од грип, од кои еден се наоѓа во потешка клиничка состојба. Претходно, на истата клиника почина и 75-годишна жена кај која исто така била потврдена инфлуенца А. И таа имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана.

Од Клиниката информираат дека меѓу хоспитализираните доминираат повозрасни лица со компликации, најчесто со сериозно респираторно засегање. Во моментов таму се лекуваат околу 25 до 30 пациенти со потешка клиничка слика.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје регистрира нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Највисока инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години.

Здравствените власти апелираат граѓаните, особено лицата од ризичните групи, навреме да се јават кај матичен лекар при појава на симптоми, да избегнуваат близок контакт со заболени лица и да ја разгледаат вакцинацијата како ефикасна превентивна мерка, особено кај хронично болните и повозрасните лица.

Најнови вести од: Македонија

Срцето на СУГС „Никола Карев денес плаче: Нашите деца сонуваа за иднината, нивните животи згаснаа прерано

„Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано“ – пишува во објавата на СУГС Никола Карев. Од своите трагично загинати матуранти Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, кои трагично ги загубија животите во страшната сообраќајка на скопската обиколница, трогателно се прости гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале.

Напредува во Брисел предлогот на Мерц за забрзана интеграција и на Западниот Балкан во ЕУ! Отвора ли ова можен „поширок прозорец на можности“ за Македонија?!

Eвропската комисијата денеска потврди дека го примила писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кое предлага забрзана интеграција на Западен Балкан и Молдавија, како и придружно членство за Украина.

Сиљановска Давкова: Претпочитам полноправно членство во ЕУ, но треба да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во врска со иницијативата на германскиот канцелар Мерц за забрзување на пристапувањњето на Украина и земјите од Западен Балкан во ЕУ истакна дека претпочита полноправно членство. Но, како што таа изјави, „ако се рече дека нема веќе полноправно членство, а треба некако да бидеме во контакт, или во кондиција, или во соработка, може да се разговара и да се види што значи тоа“.

Андоновски: Државата се справи со софистициран сајбер напад врз дигиталната инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, соопшти дека изминатиот викенд државната дигитална инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

Oткриени неправилности кај некои откупувачи на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата продолжува со теренските инспекциски надзори за спроведување на новиот Закон за забрана на нелојални трговски практики. При инспекциските надзори во неколку центри за собирање овошје и зеленчук, констатирани се голем број прекршувања во односите меѓу купувачите и земјоделците.

Најнови вести

To top