Македонија

Водици2026: Необичен скок по светиот крст (ВИДЕО)

Во видеото кое кружи на социјалните мрежи се наоѓаат неколку натпреварувачи кои скокаат по светиот крст во базен, следејќи ја традицијата поврзана со празникот Водици.

На социјалните мрежи се појави видео од фаќање на светиот крст во базен, кое предизвика бројни реакции кај јавноста.

На снимката се гледаат повеќе учесници кои скокаат во водата по крстот, но вниманието го привлекува еден од нив со необичен потег.

Наместо веднаш да скокне во базенот, тој прави заобиколување, трча покрај базенот, а дури потоа влегува во водата и се приклучува во борбата за крстот.

Овој момент предизвика коментари и споделувања, а дел од корисниците го оценија како несекојдневен и невообичаен.

Видеото брзо се прошири на TikTok и другите социјални мрежи, каде што корисниците активно коментираат за настанот и начинот на кој беше изведен скокот.

@profimkd♬ original sound – Mr.Profi

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: Дали целта на проектот на СДСМ „Готови пари во џеп“ е нивните функционери да си ги наполнат џеповите како што правеа и кога беа на власт?!

„СДСМ ја претстави на својот 32-ри конгрес програмата со проект ‘Готови пари во џеп’. Но, дали целта на овој проект е нивните функционери да си ги наполнат своите џепови?!“  – прашува информативната агенција „Нетпрес“ во својот редакциски коментар „СДСМ во новата програма ветува ‘кеш во џеб’, дали тоа важи за нивните функционери?“.

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

To top