Македонија

(ВИДЕО) Филипче не може да биде Црвенковски, го нема во себе кодот и генот на СДСМ

Ацевски тврди дека Филипче не може да биде Црвенковски, го нема во себе кодот и генот на СДСМ

Внатрепартиските превирања и дебати во опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) добиваат нова динамика по острите критики упатени кон актуелниот лидер Венко Филипче. Поранешниот пратеник на СДСМ од Општина Ѓорче Петров и некогашен кандидат за градоначалник на оваа општина, Костадин Ацевски, отворено ја оспори способноста на Филипче да ја консолидира и обедини партијата.

Во последното гостување во ТВ Алфа Ацевски испрати директна порака до сегашното раководство, правејќи јасна дистинкција помеѓу автентичниот социјалдемократски идентитет и актуелното менаџирање со партијата.

Запрашан од Мери Симоновска да ја коментира изјавата на Филипче дека ќе ја згази Платформата 12.05 Ацевски е дециден.

„Венко Филипче не може да биде Бранко Црвенковски. Тој едноставно го нема во себе кодот и генот на СДСМ“, вели Ацевски.

Според поранешниот пратеник, обидите на Филипче да се наметне како обединувачка фигура која ќе го врати СДСМ на патеките на успехот се неуспешни, пред сè поради недостатокот на длабока идеолошка и партиска поврзаност со традиционалното членство.

Овие ставови на Ацевски доаѓаат во период на зголемен притисок врз раководството на „Бихаќка“.

Дел од поранешните истакнати функционери неодамна ја активираа т.н. „Платформа за промени во СДСМ“, барајќи темелни реформи, на што Филипче возврати со обвинувања дека станува збор за обиди за фрагментација на опозицијата и партиски „пуч“ кој оди во корист на власта.

Аналитичарите отвораат прашања дали актуелното лидерство има капацитет да ја амортизира ваквата реторика која доаѓа од искусни локални и партиски кадри како Ацевски, или пак СДСМ се соочува со уште подлабока криза на идентитетот која дополнително ќе ја усложни неговата позиција како стожерна опозициска партија.

Изјавата на Ацевски

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top