Случајот со апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот (поврзано со корупција и трговија со влијание) и перење пари бил ,,кристално јасен” далеку пред обвинителството да покрене истрага.
Но Судскиот совет секогаш му простувал на судијата во чии ѕидови од домот беа најдени 350 илајди евра.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) води истрага која трае околу една година но Судскиот советнќ одамна знаел дека Ристов има проблем со законот, забележува Призма во својата анализа.
Меѓу низата бројни претходни контроверзии поврзани со Ристов е неговото унапредување во 2020 со едногласна одлука од Судскиот совет, иако не бил прв на ранг-листа.
Ристов бил 14 рангиран од 20 кандидати но сепак магично сите членови на Судскиот совет гласале за него.
Учествувал во одлуките за пуштање од притвор на Сашо Мијалков откако го променил ставот по 6 месеци, и на Драги Рашковски, човек од најголемата доверба на екс премиерот Зоран Заев
Единствената казна од Судскиот совет му била 15% помала плата во тек на 3 месеци поради неизземање во случајот „Титаник 3“.
Јавноста и фелата го критикуваа и за случаи како „Шпион“, „Метастаза“, „Изгрев“, Курто Дудуш, „Космос“ со Фојат Цаноски, но тој издржа да биде дел од Судскиот систем се додека не му најдоа 350 илјади евра заѕидани во домот.
Дополнително сопругата му избрана за правобранител во 2019.
Неодамна, во домот на неговите родители во Неготино пронајдени се 350.000 евра во банкноти, главно 200 и 500 евра, заѕидани во ѕид кои се откриени поради свеж цемент, скршени плочки и мала дупка што се проширила. Парите биле во алуминиумски ролни.
Истрагата кулминираше по апсењето на адвокатот Фехми Стафа (поранешен правобранител), кој е осомничен дека посредувал поткуп од 50.000 евра од сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот (обвинет во „Синџир“) за да му се укине притворот на Пецов. Обвинителството тврди дека постои спрега помеѓу Стафа и Ристов. Ристов бил дел од советот што одбил ослободување од притвор за Пецов на 2 декември 2025.
Судскиот совет едногласно му го одзеде имунитетот и го суспендира од функција. Одобрен му е куќен притвор (не ефективен притвор), а обвинителката Искра Хаџивасилева објасни дека се бара притвор, но одлуката е на судија на претходна постапка. Тој беше на распит, но не е во бегство.
Неговите адвокати тврдат дека парите се на родителите стекнати од продажба на земјиште и тракори а не негови. Родителите ја признале сопственоста. Обвинителството не верува во ова објаснување и смета дека се незаконски стекнати.
Случајот е дел од поширока акција против висока корупција во судството. Засега нема обвинителен акт, туку истрага, па исходот зависи од дополнителни докази како телефонски пораки, трансакции…
Линк до Призма