Македонија

(Видео): Филипче призна: СДСМ имаше разочарувања и турбуленции

Нека слушнат добро во Белата палата и во Владата, мислеа дека сме на колена, зборуваа дека сме готови. Штотуку почнавме, СДСМ се разбуди, а кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно, рече Филипче во воведното обраќање на партискиот Конгрес.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот 31. Конгрес на СДСМ испрати порака дека на Македонија ѝ треба визија, програма и засолниште од како што изјави „лудилото на оваа власт.“

  • „Денеска јасно кажав дека власта ги штити профитерите, а не граѓаните. Задолжувањето што го прави ВМРО-ДПМНЕ не е грешка, туку финансиско злосторство врз иднината на нашите деца. Денеска државата доживува осмислен и не вооружен грабеж во форма на финансиско злосторство, пари кои се прелеваат во џебовите на олигархијата додека граѓаните ќе ја плаќаат сметката преку инфлацијата која им го јаде лебот. И порачав дека за да го победиме ова зло надвор мора да бидеме челични внатре. СДСМ имаше турбуленции, имаше разочарување и затоа денеска бев кристално јасен дека вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој и мисли добро на државата,“ вели Филипче.

Тој додаде дека платформата и програмата на партијата е договор со секој граѓанин.

  • „За младите држава како дигитален центар, а не извозник на евтина работна сила. За пензионерите крај на милостината пред избори и раст на пензиите според инфлацијата. За работниците СДСМ ќе биде штит од самоволието на газдите што оваа власт ги штити. Предупредив и на сериозните безбедносни ризици. Не смееме да дозволиме Македонија да стане тампон-зона и логор за туѓи проблеми, додека нашите деца заминуваат од државата. Македонија денес е во дипломатска изолација,“ порача Филипче од Конгресот.

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top