Македонија

Новиот народен правобранител Фатон Селами, ќе положи заклетва

Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој лани во јули го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање

Пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, новоизбраниот народен правобранител, Фатон Селами, денеска ќе даде свечена изјава

Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор, согласно Законот и процедурите на Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Младите умни ученици покажуваат дека во науката и Давид може да го победи Голијат (ГАЛЕРИЈА)

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Весна аневска изразија желба догодина повторно да се сретнат со уште поголем број ученици, добитници на признанија за постигнатите успеси во натпреварите ширум светот

To top