Свет

Бугарските лекари бегаат, болниците ангажираат доктори од Индија, Судан, Ирак и Сомалија да ги лекуваат Бугарите

Во болницата „Рахила Ангелова“ во Перник, Бугарија, во моментов работат 14 лекари од Индија, Судан, Сомалија, Турција и Ирак, откако многу бугарски лекари ја напуштиле земјата.

Директорот д-р Јавор Дренски објаснува дека со привлекувањето на странски лекари и млади дипломирани специјалисти од Универзитетот во Плевен, ситуацијата во болницата е стабилизирана. Педијатријата и одделот за ОРЛ сега функционираат нормално, а младите специјализанти добиваат обука од искусни лекари.

Д-р Саид од Индија и д-р Захра Ахмед од Сомалија велат дека, и покрај тешкотиите со јазикот и непознатите системи, се добро прифатени и се посветуваат на пациентите.
Раководителката на неврологија, д-р Даниела Стојчева, нагласува дека меѓу тимот има различни култури и јазици, но заедничката кауза е грижата за пациентите.

Проблемот со недостиг на персонал во Бугарија е генерален – многу болници страдаат од иселување на млади лекари и пред-пензионирање на искусните. Заради тоа, странски кадри се сè почеста појава во бугарскиот здравствен систем.

ТВ Стар

Најнови вести од: Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

Најнови вести

To top