Македонија

Нарко корисник во СДСМ лажел за тоа кој е газда на Лидер

Златев има дилема дали синот на Љубомир Фрчкоски бил под дејство на дрога додека говорел на прес конференцијата?

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и корисник на кокаин Јон Фрчкоски лажел на прес конференција за тоа кој е газда на Лидер, тврди единствениот сопственик Љупчо Златев.

Сопственикот на Лидер се сомнева дека Јон Фрчкоски ширел измислици под влијание на психотропни супстанци.

Единствениот сопственик на Лидер јавно одговори дека во текот на локалните избори овој медиум имал деловна соработка со СДСМ.

Јон Фрчкоски ги нападна Курир, Алфа, Денешен, Економски, Вистина и Република, нарекувајќи ги дел од „медиумски октпод на Орбан“.

 

На прес-конференција на Бихаќка Јон Фрчкоски прикажувал лажни графикони за сопствеништво на Лидер, кои не кореспондираат со реалноста, тврди сопственикот Љупчо Златев.

 

„Сопствеништвото на Лидер е јасно, во 100% станува збор за домашен капитал, на едно лице. Издавач на Лидер е компанијата Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, во која 100% од уделите ги поседува Љупчо Златев. Овие податоци може многу лесно да се проверат во Централниот регистар на РМ и во МАР-НЕТ. Наместо да направат бесплатна проверка, Фрчкоски и СДСМ одлучиле да шират лаги“, пишува Златев на Фејсбук.

Златев вели со чудење реагираме на лажните графикони, кои доаѓаат од политички субјект со кој Лидер имал деловна соработка на последните локални избори.

 

„Ваквите обвинувања кои доаѓаат од сè уште најголемата опозициска партија во земјата може да ѝ наштетат на нашата компанија која само поради својата либерална уредувачка политика се поврзува со други субјекти.

 

Како општествено одговорна компанија, Џенерал Хералдинг стои на располагање на Јон Фрчковски да му донира средства за лекување од зависности, на какво никогаш не отиде иако беше експлицитно фатен во консумација на кокаин.

 

Психотропните супстанции очигледно и понатаму влијаат негативно на неговото расудувањето, па токму затоа изнесува вакви целосни лаги за нашиот медиум.

 

Јон, охрабри се! Веруваме дека освен што со твоето лекување од зависности од себе ќе направиш пособар човек, ќе направиш и од СДСМ подобра политичка партија“, пишува Златев.

 

Фрчкоски на прес конференцијата не го спомна Лидер, но на илустрациите од презентацијата јасно стои името на овој медиум, кој е во стопроцентна сопственост на Љупчо Златев.

 

Поврзани вести

 

Корисникот на кокаин на Бихаќка најави дека СДСМ ќе се жали во ЕУ

Член на ИО и корисник на кокаин на Бихаќка обвини дека новиот трет мобилен оператор е политички проект

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

По покана од Марко Рубио, Муцунски утре и задутре во Вашингтон

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

To top