Македонија

Член на ИО и корисник на кокаин на Бихаќка обвини дека новиот трет мобилен оператор е политички проект

СДСМ ќе се обрати до сите меѓународни институции, вклучително и до ЕУ

 

На прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор кој беше снимен како шмрка кокаин го повтори своето старото обвинување за унгарско влијание во македонски медиуми .

 

Фрчкоски вели дека таканаречениот антикорупцискиот тим на СДСМ во изминатиот период го разоткрил наводниот систем на пропагандата и медиумскиот октопод Алфа – Алта.

 

,,Знам дека на многу професионални новинари не им беше пријатно да слушаат за свои колеги, но поинаку не можеше.

 

Но, ние не ги изедначивме со сите новинари кои професионално си ја работат својата работа, кои никогаш не сме ги спомнувале, дури и кога го критикуваат СДСМ.

 

Мораме да именуваме и дел од медиумите, за да се дојде до клучното: кои се сопствениците и која е политичката позадина.

 

Станува збор за политички проект на ВМРО, за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан и преземање контрола врз стратешките сектори и пред сè во медиумите и телекомуникациите”, вели Фрчкоски на прес конференцијата.

Според Фрчкоски во овој контекст мора да се гледа и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на унгарската компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.

,,Ова не е изолиран економски потег, туку дел од поширок политички проект”, тврди човекот познат како шмркач на кокаин според кого се создава мрежа на авторитарни влијанија која ја оддалечува Северна Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност.

,,Нашиот Антикорупциски тим ќе продолжи јавно да ги разоткрива овие шеми.

Како што најавивме по нашата „Хроника на токсични наслови“, ќе се обратиме до сите меѓународни институции, вклучително и до ЕУ.

Ова не е прашање на една политичка партија, туку прашање на демократијата во земјата, слободата во медиумите и европската иднина на државата”, вели Фрчкоски јуниор.

 

Целата прес конференција

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top