Македонија

Екс шефот на тајната служба јавно клеветел македонски новинар, ќе се извини ли Виктор Димовски

За судскиот процес кој за Златев е обично злосторничко здружување на Зоран Заев, Виктор Димовски и Гаврил Бубевски

Екс шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски јавно го клеветел македонскиот новинар Љупчо Златев.

Златев бара демант од емисијата 360 Степени за изречените клевети кон него.
Димовски кој знае дека Златев никогаш не бил осуден за предметот за кој со години го гони токму службата каде тој долго време беше прв човек свесно лаже пред јавноста дека новинарот е осудено лице.

Целиот демант на уредникот на Радио Лидер во продолжение:

ДЕМАНТ НА ЕМИСИЈАТА 360 СТЕПЕНИ

Почитувани,

Во вчерашното емисија на „360 степени“ емитувана на YouTube, беа изнесени низа на целосно неточни информации од страна на поранешниот директор на Агенцијата за Национална Безбедност, Виктор Димовски, кои имаат тенденциозна намера да штетат на моите чест и углед.

Имено, по 19тата минута и 50 секунда од емисијата, моето име беше тема на разговор. Откако новинарот Васко Попетревски го спомена моето име, како пример за новинар кој бил пријавен во ОЈО од страна на АНБ под водство на Димовски, затоа што објавил наводно класифицирани информации – Виктор Димовски тенденциозно и со намера да наштети на моите чест и углед изнесе неколку целосно неточни информации.

– Да, се работи за тој случај и тој беше соодветно процесуиран и ако добро се сеќавам изречена е пресуда во првостепена постапка. Тоа можеби… по наша пријава за објавување на класифицирана информација, оддавање на службена тајна во медиуми. – рече Димовски.

Оваа изјава е целосно неточна, од три причини кои секој може да ги провери во Основниот суд „Скопје 1“, „Управниот суд“ и на веб страницата на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави:

1. Вистината е дека до денеска, 07.10.2025, повеќе од 5 години по почнувањето на судскиот процес против мене, во наведениот случај, врз мене не е изречена никаква првостепена пресуда. Виктор Димовски тенденциозно изнесува неточна информација, иако како сведок во случајот совршено добро знае дека никаква пресуда нема, во ниту една инстанца. Имено, тој е сведок во судскиот процес и на десетици рочишта одбива да се појави и да се соочи со мене и со мојот адвокат Драган Пешевски иако од судот има уредна покана да се појави како пријавител и како одговорен за злоупотребите во АНБ за кој јас пишував во новинарската објава.

Значи, никаква пресуда нема и јас сум со години заглавен во судските лавиринти со огромни трошоци и огромен стрес за моето пошироко семејство. Судскиот процес против мене е обично злосторничко здружување на Зоран Заев, Виктор Димовски и Гаврил Бубевски за да престанам да пишувам критички за претходната влада на СДСМ. Толку беше тенденциозно, што надвор од судската пракса од ОЈО беше предложено во име на Виктор Димовски да сведочи „овластен сведок“, по што јас побарав да најдам „овластен обвинет“. Во 2022 година, Зоран Заев ми испрати емисари кои ми нудеа да ми го повлечат обвинението доколку за возврат почнам да работам за СДСМ. Чинам дека имаше и други слични случаи на новинари, проверете ги што прават денес.

2. Целосна лага е дека јас како главен уредник на lider.mk сум објавил класифицирани информации. Споменатата безбедносна проверка која јас ја објавив е поништена од Управниот суд на Република Северна Македонија. Кога еден документ е ништовен, тој не може да биде класифициран и да предизвика било какво правно дејство.

3. Доколку го отворите извештајот од 2020 година на Стејт Департментот на САД за човековите права во Македонија, ќе видите дека мојот случај е нотиран како еклатантен пример за кршење на човекови права.

Понатаму, во следниот дел од интервјуто, алудираќи дека јас сум нечесен Виктор Димовски вели:

-Никогаш некој кој што чесно си ја врши работата не бил таргет во мое време во АНБ, меѓутоа доколку некој дошол во судир со законот за Класифицирани информации, доколку дошол во судир со прашања поврзани со загрозување на националната безбедност, тогаш не е исклучена да агенцијата провери од каде… во дадениот случај истекле дадените… – вели димовски.

Човек кој објавил декласифицирана безбедносна проверка во која има злоупотреби од страна на Виктор Димовски, е етикетиран како нечесен и како закана за националната безбедност. Ова е јасна клевета која има единствена намена да им штети на моите чест и углед без никаков доказ. Викторио Димовски во интервјуто за 360 со оваа изјава потврди дека јас сум бил незаконски следен.

Вознемирен сум од тоа што по изнесувањето на овие податоци, пред емитувањето на емисијата, согласно професионалните и етичките стандарди на новинарската професија не бев прашан од медиумот за мојата страна од приказната. Се надевам дека од тимот на 360 степени оваа неправда ќе биде исправена.

За да се спречи штетата на моите чест и углед, од продукцијата „360 степени“ барам да го објави овој демант во целост на иста насловна позиција на вашиот вебсајт (www.360stepeni.mk) и демантот да стои на оваа позиција исто толку долго колку и клеветничкото интервју на Димовски.

Во исто време, барам од Јутуб видеото да бидат исечени деловите во кои се зборува за мене, за лажната вест да не биде редистрибуирана.

Љупчо Златев
Главен и одговорен уредник на Лидер

Клеветите од Димовски доаѓаат откако Златев пред 5 ден му порача дека чека директорот на АНБ да заврши зад решетки за своите злодела.

На овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top