Македонија

Samsung го претстави ексклузивното олимписко издание на Galaxy Z Flip7, поддржувајќи го целото патување на спортистите кон Милано Кортина 2026

Спортистите кои се натпреваруваат ќе го добијат олимпиското издание на уредот, наменски дизајниран да го збогати нивното искуство за време на Игрите, од животот во Олимпиското село, па сè до моментите на освојување медали.

Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, денес го претстави новото Олимписко Издание на Galaxy Z Flip7 (Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) , ексклузивно дизајнирано за сите спортисти кои се натпреваруваат на Олимписките и Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026 (Olympic and Paralympic Winter Games Milano Cortina 2026).Ова специјално издание на уредот ќе им биде доделено на речиси 3.800 Олимпијци и Параолимпијци од околу 90 држави и ќе ги придружува спортистите во текот а целото искуство за време на Игрите, поддржувајќи го животот во Олимпиското село и истовремено овозможувајќи им да ги овековечат и споделат значајните моменти, од натпреварите па сè до прославите.

Олимпиското издание на Galaxy Z Flip7 ќе биде вклучено во официјалните моменти на подиумот преку “Победничка селфи – фотографија“ (Victory Selfie) кое ќе го има своето деби на Зимските олимписки игри токму во Милано Кортина 2026. За првпат оваа практика ќе се прошири и на натпреварите во тимските спортови, овозможувајќи им на сите спортисти учесници да го документираат својот момент на победа низ сопствениот објектив. Дополнително, спортисти од избрани Национални Олимписки Комитети (НОК) ќе можат да ги споделат своите лични страсти и духот преку програмата “Победнички Профил“ (Victory Profile), нова серија фотографии направени со Galaxy S25 Ultra.

„Спортистите се срцето на Олимписките и Параолимписките Игри. Веќе преку 30 години ’Samsung’ ги поддржува во форма на Светски Партнер, преку значајни мобилни иновации“, изјави Стефани Чои (Stephanie Choi), Извршен Потпретседател и Раководител на секторот за мобилен маркетинг во одделот за мобилно искуство (Mobile eXperience Business) во Samsung Electronics. „Од Сочи 2014, ги поддржуваме спортистите со специјални Олимписки Изданија на нашите уреди и чест ни е што ја продолжуваме оваа посветеност и на овогодинешното издание Милано Кортина 2026. Со помош на Galaxy Z Flip7 Олимпиското Издание, спортистите може да се поврзат со нивните фанови и фамилии во секој свој незаборавен момент преку уникатен начин.”

 

Специјално Олимписко Издание за одбележување на Зимските Олимписки Игри

Galaxy Z Flip7 е интелигентен придружник во џебна големина, создаден за беспрекорна интеракција и секојдневна доверливост. Тој го интегрира Galaxy AI со новиот „FlexWindow“ екран кој се протега од раб до раб, овозможувајќи едноставно мобилно искуство со вештачка интелигенција. Оваа интуитивна употреба со една рака го прави Galaxy Z Flip7 практична поддршка за спортистите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри. Некои од клучните карактеристики вклучуваат:

• Двоен систем на задни камери, кој вклучува 50MP широка и 12MP ултра-широка леќа, овозможувајќи врвна јасност на фотографиите.

• „Now Brief“ , кој обезбедува персонализирани дневни ажурирања како потсетници, настани од календарот и фитнес извештаи. Исто така, може да пристапи до податоци за здравјето и благосостојбата од одредени апликации.

• „Photo Assist“ , која овозможува подобрувања со студиски квалитет на сликите преку поместување, бришење или зголемување на објекти, прилагодување на аглите и пополнување на позадините со помош на вештачка интелигенција.

• Преведувач директно на уредот (функција „Interpreter“ ) која ја намалува јазичната бариера, овозможувајќи превод во реално време без оглед на мрежното поврзување, што овозможува непречена комуникација дури и во планински предели.

Како надополнување на овие функции, олимпиското издание на Galaxy Z Flip7 претставува иконичен дизајн кој го одбележува учеството на спортистите на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри, како и практични услуги наменети да го подобрат нивното искуство во Олимпиското село и во текот на натпреварите.

Препознатливата сина боја на задното стакло на уредот е во согласност со уникатниот стил на Милано Кортина 2026 и претставува спој помеѓу долгогодишниот идентитет на “Samsung“ и културниот одек на италијанското азурно синило. Оваа боја исто така го одразува духот на единство и спортскиот дух отелотворен во Олимписките Игри. Специјално изработената златна метална рамка го симболизира стремежот на спортистите кон извонредност и моментите на победничкиот подиум, како и стремежот на самиот бренд кон најдоброто. Олимпиското издание на уредот доаѓа и со проѕирна магнетна футрола со син кружен магнет, опкружен со златни ловорови листови како мотив за победа.

Секој уред исто така содржи специјални позадини на тема Олимписки Зимски Игри, креирани специјално за Милано Кортина 2026. Живописните криви линии ги претставуваат зимските спортови, инспирирани од трагите настанати при интеракцијата помеѓу сечилата на лизгалките и ледените површини. Овие дизајнерски елементи го одбележуваат олимпискиот дух и страста на секој спортист.

Спортистите можат моментите со навивачите, семејството и соиграчите да ги направат незаборавни со „Двојно Снимање“ (Dual Recording), функција која им овозможува да го снимат она што го гледаат, како и своите реакции во еден кадар, користејќи ги задната и предната камера истовремено. Ексклузивно приспособено за Олимпиското издание на уредот, спортистите можат да пристапат до режимот за „Двојно снимање“ едноставно со повлекување низ режимите за снимање во апликацијата Камера. Исто така, спортистите можат да откријат нови и креативни агли кои ја приближуваат акцијата користејќи го поделениот приказ, со зумирање на приказот од задната камера, како и да ги прегледуваат своите снимки во реално време директно на „FlexWindow“.

Олимпиското Издание на Galaxy Z Flip7 доаѓа со однапред инсталиран пакет на основни апликации и услуги, внимателно избрани за да им дадат поддршка на спортистите за времетраење на Олимписките Игри во Милано Кортина 2026:

• За да се поттикне поврзувањето меѓу спортистите за време на нивниот престој, искуството со Galaxy Спортската картичка (Galaxy Athlete Card) нуди дигитален начин за размена на профили, собирање картички и учество во интерактивни активности, помагајќи да се негува чувството на заедница помеѓу различните дисциплини и делегации.

• Спортистите исто така ќе добијат бесплатен пакет за поврзување преку 100GB 5G eSIM картичка, заедно со пристап до дигитални картички и услуги во апликацијата “Samsung Wallet”, развиени во соработка со Глобалните и Локалните Партнери за да се олеснат нивните секојдневни потреби за време на Милано Кортина 2026. Ова го вклучува и дигиталниот клуч на Coca-Cola за бесплатни пијалаци, кој може да се користи на автоматите за продажба низ олимписките села.

• Функцијата Athlete365 нуди поддршка за подобрување на перформансите и за менталното здравје, истовремено обезбедувајќи клучни информации за натпреварите. Оваа карактеристика е интегрирана во функцијата Now Brief на Galaxy AI, овозможувајќи им на спортистите со еден поглед да бидат во тек со најновите вести поврзани со Олимписките Игри.

• Останатите апликации, вклучувајќи ги официјалната апликација Olympic Games™, како и IOC Hotline и PinQuest, ја подобруваат секојдневната практичност во рамки на Олимпиското село, истовремено помагајќи им на спортистите во нивните перформанси на теренот и надвор од него.

• Однапред инсталираната фитнес апликација ќе им овозможи на спортистите да ги следат своите тренинзи и да добиваат персонализирани насоки за тренирање при користење на опремата за вежбање поставена во Олимписките и Параолимписките Села.

 

 

Заедничко одбележување на моментот на победата

За првпат претставено на Париз 2024 Победничкото селфи, овозможено од Олимпиското Издание на уредот, им дозволи на спортистите да ги овековечат своите моменти на победа директно од подиумот и да ги споделат од сопствена перспектива, правејќи ги тие моменти поповрзани.

На Милано Кортина 2026, Победничкото селфи ќе го има своето деби на Зимските олимписки игри и ќе воведе нов, проширен формат. За првпат, оваа можност ќе се прошири надвор од индивидуалните и настаните за двојки, вклучувајќи и пошироки тимски одбележувања на Олимписките Игри, што ја одразува колаборативната природа на зимските спортови.

Спортистите сега можат заедно со своите соиграчи да ги овековечат и споделат своите достигнувања и веднаш да ги испратат до своите најблиски и навивачите ширум светот, овозможувајќи им и тие да се приклучат на тој момент кој го менува животот.

Овековечување на првата искра возбуда со Победничкиот Профил

Патувањето на спортистите се протега многу повеќе од самиот натпревар, опфаќајќи ги подготовките, исчекувањето и емоциите поврзани со Олимписките и Параолимписките Зимски Игри. За да го отслика ова пошироко патување и да го прослави искуството на спортистите, “Samsung“ ја претставува програмата “Победнички профил“ (Victory Profile) – нова иницијатива за раскажување приказни на спортистите, развиена во соработка со девет Национални Олимписки Комитети (НОК). “Victory Profile“ користи внимателно избрани портрети снимени со Galaxy S25 Ultra за сликовито да ја прикаже уникатната страст и индивидуалност на секој спортист.

Победничкиот Профил додава нова перспектива на олимпиското искуство на Зимската Олимпијада, истакнувајќи ги моментите надвор од подиумот и обезбедувајќи им на спортистите личен спомен кој го одразува нивното патување, како и нивните уникатни личности. Првичниот проект ќе започне со приближно 490 спортисти од Франција, Германија, Италија, Кореја, Норвешка, Холандија, Шведска, Обединетото Кралство и САД.

Помагање во обликувањето на идното олимписко искуство

“Samsung“ ќе продолжи да ги користи своите мобилни иновации за да ги доближи Олимписките и Параолимписките Игри за навивачите ширум светот, правејќи секој момент да се доживее поповрзано. Преку своите уреди и искуства насочени кон спортистите, “Samsung“ создава нови начини на кои тие можат да го споделат своето патување, од подготовките до победничкиот подиум, истовремено приближувајќи ги навивачите до моментите и луѓето што ги дефинираат Олимписките и Параолимписките Игри.

Galaxy Z Flip7 Olympic Edition ќе се достави во Олимписките Села низ шест градови, почнувајќи од 30 јануари. Отвоерната Станица на “Samsung“ исто така ќе нуди професионална корисничка поддршка на лице место, за да им помогне на спортистите да ги активираат своите уреди, да ги префрлат податоците и да добијат општа техничка поддршка.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.

За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.

Најнови вести од: Македонија

Ако се покачи минималната плата на Скопје му се заканува колапс на градскиот превоз?!

Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје.

(Видео): Брисел мора да најде решение за превозниците – во спротивно цените ќе растат, рече Муцунски

Министерот додаде дека постои редовна координација со министрите за надворешни работи од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел усогласен регионален пристап кон институциите во Брисел.

Колку сега изнесуваат платите во јавното здравство во Македонија?!

Со постигнатиот договор со репрезентативните синдикати е предвидено дополнително зголемување на платите во јавното здравство од најмалку 5 проценти во март 2026 година, согласно спогодбата од 2025 година која предвидува раст од 5 до 7 проценти. Клековски нагласува дека постои јасна и континуирана посветеност на институциите кон соодветно вреднување на трудот на здравствените работници.

Нелоски: Фирмата на татко ми, што ја спомнува СДСМ, не учествува на тендери и не одлучува за државните пари!

Шефот на кабинетот на Мицкоски нагласува дека фирмата во која е неговиот татко не учествува на тендери „Мојот татко е дел од споменатата приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари“, напиша Нелоски.

Веќе се продадени 912 пакувања со отров: АХВ ги предупредува родителите веднаш да го вратат бебешкиот производ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на бебешка формула откако доби официјално предупредување од Европската Унија за небезбеден производ кој веќе бил пласиран на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2 – 912 пакувања веќе биле продадени, родителите повикани на итна претпазливост.

Ѓорѓиевски: Скопското Кале, еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје, ќе стане негова културна сцена

-Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина, посочи Ѓорѓиевски.

Поларен вител ги погоди САД: Најмалку 30 загинати и над половина милион домаќинства без струја

Најмалку 30 лица го загубија животот во голема зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави, од кои седум лица загинаа во авионска несреќа во неделата навечер. Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови, поради кои утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Антимакедонскиот европратеник Џамбаски не ја „бендисува“ изјавата на Вучиќ дека се бори и Македонија да влезе во ЕУ!

Контроверзниот бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави и по својот профашистички поздрав во Европскиот парламент, пак се јави на фејсбук. Го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија заедно со Босна и Херцеговина да влезат во Европската Унија.

To top