Македонија

Скопското Кале станува жива културна сцена на градот

Реафирмацијата на скопско Кале значи заштита на минатото и храбар чекор кон современа, културна иднина во служба на граѓаните и идните генерации.

 

Градоначалникот на Скопје, заедно со претставници од културните институции, изврши увид на локалитетот со јасна визија и внимателно отворање и активирање на просторот за културни и уметнички содржини, со целосно почитување на неговото историско наследство.

Реафирмацијата на скопско Кале значи заштита на минатото и храбар чекор кон современа, културна иднина во служба на граѓаните и идните генерации, велат од Град Скопје

Ѓорѓиевски: Скопското Кале, еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје, ќе стане негова културна сцена

Вчера, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски (на сликата лево) и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршив обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаме актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство. Низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази“, истакна тој.

Ѓорѓиевски вели дека токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство.

„Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, посочи Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top