Македонија

Генералка на Клинички, екипи на Град Скопје во акција за темелно чистење (ФОТО)

Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Сите јавни претпријатија на Град Скопје денеска се мобилизирани и се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

-Оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс.

Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува.

Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на континуирана грижа, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top