Македонија

Авто Плус го започнува „Златно Тркало 2026“ – вашиот глас одлучува!

Во изминатите шест години, „Златно Тркало“ се утврди како вистински барометар на желбите и преференциите на македонските возачи и љубители на автомобилизмот.

Најстариот и најавторитетен автомобилски медиум во земјава, порталот Авто Плус, со задоволство објавува официјален почеток на седмото по ред издание на „Златно Тркало“ – единствениот национален избор за најпосакуван автомобил во Македонија.

Во изминатите шест години, „Златно Тркало“ се утврди како вистински барометар на желбите и преференциите на македонските возачи и љубители на автомобилизмот.

Гласањето на читателите и јавноста секоја година одредува кои модели се издвојуваат како најатрактивни во различни категории – од семејни и градски автомобили, преку премиум и електрифицирани модели, па се до апсолутниот победник за Најпосакуван автомобил во Македонија.

Оваа година повторно ќе имаме можност да ги видиме најновите и најинтересните модели што пристигнаа на нашиот пазар, а изборот ќе биде целосно во рацете на јавноста.

Листата на кандидати веќе е објавена, а гласањето ќе започне во наредниот период преку официјалните канали на Авто Плус и партнерите во организацијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Асоцијациите АПИС и АСОМ бараат јавна расправа во Собрание

Легалните објекти не се закана за младината, туку популизмот, кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконските играчници, на кои државата ќе нема контрола, соопштија асоцијациите на приредувачите на игри на среќа АПИС и АСОМ кои побараа јавна расправа за новиот предлог-закон.

To top