Македонија

Андовска: Кога мислам Македонец, а не Македонче, мислам на Гоце Делчев

Професорката со „пригодно слово“ за 154-годишнината од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба

Дарија Андовска, професорка и деканка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев објаснува што претставува за неа апостолот на македонската револуционерна борба.

„Кога мислам Македонец (а не Македонче),
мислам на Гоце Делчев.
Мислам на една стамена фигура
во македонската историја,
на високо интелигентна и образована личност,
која, спротивно на своите лични интереси,
ги инвестира своето знаење, умеење, способности,
па дури и сопствениот живот
за доброто на народот
и на земјата на кои им припаѓа.
Мислам на храброст,
мислам на волја,
мислам на харизма,
мислам на снага,
мислам на Човек,
кој не е себичен и не размислува краткорочно,
туку е широкоград и размислува визионерски.
Зошто е важен Гоце Делчев?
Зашто кога било екстремно тешко и речиси невозможно,
ТОЈ ја дал сета негова величина да го разбуди Македонецот кај Македончињата.
Зашто бил современик на будењето на балканските нации,
но истовремено современик на денешницата
со својата инклузивност и космополитизам.
Гоце Делчев Е Македонец.
Единствено Македонец може да го даде својот живот за Македонија.
Зошто мене ми е важен Гоце Делчев?
Зашто сум Македонка.
Зашто и јас, по неговиот пример,
а спротивно на личните интереси и комодитет,
го инвестирам својот живот,
своето знаење, искуство и умеење
во земјата, народот и нацијата на кои им припаѓам“, објави Андовска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top