Спорт

Ѓорческа во четвртфиналето на тенискиот турнир во Порто

Најдобрата македонска тенисерка во второто коло беше подобра во два сета од Германката Шрунк

Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во португалскиот град Порто, кој се игра во сала, на тврда подлога и за награден фонд од 40.000 американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 194. на ВТА-листата во сингл, ја оправда улогата на фаворит како петта носителка против Германката Настасја Шрунк (365.), совладувајќи ја со 6-2, 7-6 (6) по 1:38 часа игра.

За место во полуфиналето Ѓорческа утре од 11 ч. ќе се бори со првата носителка Деспина Папамихаил (159.) од Грција.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top