Македонија

Автобусите да бидат третирани како посебна категорија од „Сејф сити“

Долгите автобуси влегуваат на раскрсница на трепкаво зелено светло, но поради должината не успеваат целосно да ја поминат пред да се вклучи црвено и тоа се регистрира како прекршок

 

Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје,  вели дека системот „Сејф сити“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови во кои тие сообраќаат низ градот.

Проблемот најчесто се јавува во услови на густ сообраќај и отсуство на посебни жолти ленти, кога долгите автобуси влегуваат на раскрсница на трепкаво зелено светло, но поради должината не успеваат целосно да ја поминат пред да се вклучи црвеното.

Во такви случаи, како што изјави Зафировски за Сител, камерите автоматски го регистрираат поминувањето како прекршок за црвено светло, по што следуваат високи парични казни и одземање на возачката дозвола.

Превозниците предупредуваат дека ваквите санкции може да предизвикаат сериозни последици за јавниот превоз, бидејќи немаат доволен број возачи за замена, а поголем број изречени забрани за управување би можеле да доведат до паркирање на автобусите и нарушување на редовниот сообраќај.

Тие бараат автобусите да бидат третирани како посебна категорија со поголема толеранција во рамки на системот „Сејф сити“, а како можност за надминување на проблемот предлагаат и поврзување на ГПС-системите во автобусите со семафорите, со што би се овозможило нивно вклучување во „паметниот“ зелен бран и избегнување на ваквите ситуации. објави Скоп

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top