Македонија

Македонија со подобрена позиција во поглед на индексот за корупција споредено со 2025

Во споредба со претходната година кога беше на 88 место, Македонија годинава се помести 4 места погоре. Во извештајот за 2025 година, објавен денеска, 10 февруари, македонската држава доби 40 поени. На индексот за корупција на Транспаренси Интернешенел од 182 земји, кај кои е измерен Индексот на корупцијата, Транспаренси интернешенел ја рангира Македонија на 84 место.

Македонија има почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро, изјави претседателот на Транспаренси интернешенел -Македонија Благоја Пандовски. „Формално се наоѓаме за четири места подобро на ранг-листата од минатата година: на 84 позиција. Ова подобрување покажува дека минатата година во борбата против корупцијата ни одело подобро споредено со 4 други држави“, вели Пандовски.

Клучните системски проблеми и понатаму остануваат неуспешните и недовршени реформи во судството и обвинителството, кои како што посочуваат од оваа организација, не успеваат да обезбедат ефикасен, независен и одговорен правосуден систем. 
Според рангирањето Македонија е во друштво со Бугарија. Полошо од нас се рангирани Босна и Херцеговина која го има 109 место и Србија која со 33 поени падна на 116 место. Од земјите во регионот подобро рангирани се Косово, кое се најде на 76 место и Црна Гора која со 46 поени е на 65 место.

Индексот на гледање на корупцијата (CPI) за 2025 година покажува дека корупцијата останува сериозна закана во секој дел од светот, иако има ограничени знаци на напредок. Источна Европа и Централна Азија остануваат едни од регионите со најниски резултати во светот, со широко распространета неказнивост за корупција, водена од лични интереси кои доминираат во повеќето влади и нивните институции. Во најновиот извештај се наведува дека лидерите мора да дејствуваат за да се справат со злоупотребите на моќта и пошироките фактори што го поттикнуваат овој пад, како што се укинување на демократските контроли и рамнотежа и нападите врз независното граѓанско општество.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата ги завршува проектите, сопрени со децении – Соодветно ќе одговориме, ако побара опозицијата предвремени избори

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

To top