Македонија

Кој ја “мати” водата за пиење во Струга

Судска полиција ќе изврши увид на локацијата во селото Шум, каде што се наоѓаат изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење

Во врска со информациите за сериозно загадување на водата за пиење и основните потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет за испитување на причините и евентуалните кривични дела сторени против животната средина и природата.

Во координација со Министерството за внатрешни работи – ДПБ Струга, издадена е наредба судската полиција да изврши увид на локацијата во селото Шум, каде што се наоѓаат изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.

„Во увидот треба да бидат вклучени и надлежните инспекциски служби од областа на животната средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Центарот за јавно здравје. Ќе бидат преземени и други инспекциски дејствија“, велат од Обвинителството./Телеграфи/

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

To top