Македонија

Во пресрет на празникот „Св. Трифун“, заштитникот на лозарите, исплатени им се 7, 8 милиони евра на 12.458 корисници!

Соопштувајќи преку фејсбук за најновата исплата на 7 милиони и 823 илјади евра на лозари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во објавата истакнува: Парите се исплатени според мерка 1.8 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување постојни лозови насади“.

Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка.

Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство. – се посочува во објавата на ова ресорно министерство за македонскиот агрокомплекс

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top