Македонија

Можеби ние ќе зборуваме бугарски но Албанците ќе пливаат кон Италија, реакции за средбата Мејдани – Фрчкоски (ВИДЕО)

Во старото сценарио на Фрчкоски заедно со македонската војска би интервенирале бугарската и грчката армија

Реакции во албанската јавност во Македонија откако Албанскиот амбасадор во Скопјe, Денион Мејдани, го прими на средба поранешниот министер Фрчкоски.

Профилот на невладината организација ,,Dont you 20 % me” кој објавува статуси на албански јазик споделува видео од професорот Фрчкоски во кое тој зборува како би минале Албанците доколку почнат конфликт за поделба на Македонија.

Фрчкоски во старата изјава вели дека доколку дојде до тоа за него апсолутно поприфатливо е заедно со македонската војска да интервенирааат и бугарската и грчката армија по што Албанците би ,,пливале” во Јадранското море.

Невладината организација критикувајќи го албанскиот амбасадор во Скопје за средбата со првенецот на СДСМ потсетува на изјавата на Фрчкоски во која тој еднаш се заканил со етничко чистење, велејќи дека „Албанците ќе пливаат до Италија“.

Screenshot

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја суспендирале за да не заврши половина влада на СДС во затвор

Лејла Кадриу поранешна обвинителка сведочи дека ја суспендирале бидејќи пола влада на СДС ќе завршела во затвор во врска со истрагата за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани

To top