Македонија

Филиче „ич не се знаел“ со газдата на илегалната марихуана, но слика покажува друго

Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале

Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале“ велат од партијата..

„Фотографијата покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегална марихуана.

СДС и Венко Филипче наместо да шират лаги и да ја манипулираат јавноста да кажат зошто се толку потресени и водат жолчна кампања околу запленетите над 30 тони дрога?

Дали кланот Заеви и Филипче се вмешани па затоа СДС се исплашени?

Дали токму поради тоа во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?

Нема скандал, криминал и корупција а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ од каде одново повикуваат ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30те тони запленети дрога.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

To top