Македонија

Сакал да подмити сообраќајци – уапсен е

во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. (31) ставил пари, информираа од полицијата

 

„ На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари, информираа од полицијата. 

Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар.

To top