Свет

ЕУ сѐ уште без одлука за камионџиите од Западен Балкан, до кога?!

Шенгенските правила им дозволуваат на патниците максимален престој од 90 дена во кој било 180-дневен период во целата Шенген зона. Ова ги вклучува и државјаните на кои не им е потребна виза за влез. Периодот од 180 дена е таканаречен „ротационен“ прозор, што значи дека секој ден престој се брои 180 дена наназад за да се осигури дека ограничувањето од 90 дена не е надминато.

Европската комисија во моментов не покажува подготвеност да ги задоволи барањата на професионалните возачи во врска со подолг престој во Шенген-зоната за нивните професионални потреби.

  • „Партнерите од Западен Балкан се охрабруваат да ги користат одредбите за долгорочни визи и дозволи за престој или флексибилноста предвидена според правилата на Шенген. Особено во однос на правилата за работници од други земји и сето ова во тесна соработка со соседните држави од Шенген“, изјави портаролот на Европската Комисија, Гијом Мерсие.

Шенгенските правила им дозволуваат на патниците максимален престој од 90 дена во кој било 180-дневен период во целата Шенген зона. Ова ги вклучува и државјаните на кои не им е потребна виза за влез. Периодот од 180 дена е таканаречен „ротационен“ прозор, што значи дека секој ден престој се брои 180 дена наназад за да се осигури дека ограничувањето од 90 дена не е надминато.

Од друга страна, правилата за прекуграничните работници во ЕУ, што вклучува живеење во една земја и работа во друга, со дневна или неделна пријава, се однесуваат на социјалното осигурување, оданочувањето и работните дозволи. Принципот за прекуграничните работници е дека социјалното осигурување се плаќа во земјата каде што се извршува работата.

Минатата недела техничката група која ја формираа министрите од земјите членки на Европската Унија ги разгледа барањата на транспортните оператори од Западен Балкан поврзани со нивниот престој во ЕУ, но одлука не е донесена, потврдија денеска од Европската Комисија на редовниот брифинг во Брисел.

Оттаму посочуваат дека разговорите за правилата во Шенген зоната ќе продолжат на следниот состанок закажан за 23 февруари.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top