Македонија

Караман и официјално признаен како автентична македонска раса на куче

Македонското Овчарско Куче КАРАМАН

Караман е официјално признаен како автентична македонска раса на куче.

Расата е признаена од страна на Fédération Cynologique Internationale под името Македонски овчар – Караман (Macedonian Shepherd Dog – Karaman). Признанието дојде по иницијатива на Кинолошкиот сојуз на Македонија, кој со години работеше на стандардизација и меѓународна верификација на расата.

За тоа објавија на својата официјална ФБ страна:

„Со задоволство би сакале да ве информираме дека на поднесената апликација од Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија, во соработка со Кинолошкиот Клуб за Македонско Овчарско Куче Караман, Светската Кинолошка Федерација 🌐FCI одговори позитивно со што Македонија се здоби со нејзината втора раса овчарско куче воедно прва само Македонска раса.
Од 11.02.2026 год Македонското Овчарско Куче КАРАМАН беше примено во семејтвото на расни кучиња при FCI како условно призната раса.
КСМ изразува благодарност до сите инволвирани во 25 годишниот процес и Честитки до сите македонски кинолози, “ стои во објавата.

 

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

To top