Македонија

Мицкоски – Варнс: Заедничка заложба за јакнење на односите и партнерството меѓу Македонија и САД во области од заемен интерес

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс.

За средбата информира Мицкоски преку својот фејсбук профил.

Тој нагласува дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите.

– Денес остварив средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите, објави премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Робот пречекуваше гости на настан за енергетска транзиција

Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција сет неопходен предуслов за модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем, но најважни ресурси се луѓето и знаењето, порача министерката за енергетика, Сања Божиновска.

(Фото): Дивиот свет во Преспа: За првпат забележани голем број бебиња и млади шумски желки

Островот Голем Град продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната научна јавност. Здружен тим на истражувачи од Македонија, Србија, Грција и Франција учествуваа во годишните студии на неколку видови влекачи, меѓу кои змиите рибарки, поскокот и шумската желка.

АХВ наскоро ќе ги објави фирмите што манипулирале со декларации на млечни производи

Според Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односno производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

ЗНАМ: Пендаровски отвори сериозни прашања за правниот систем

Од партијата посочија дека изјавите на Пендаровски упатуваат на можни политички договори за амнестии и враќање на лица обвинети или осудени за тешки кривични дела, како и за измени на Кривичниот законик кои подоцна имале значително влијание врз системот на кривична одговорност.

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода,но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

To top