Македонија

Нема решение за Македонското прашање годинава – Дански европарламентарец најавува дека Кипар во Јануари ќе ја преземе палката за Македонија

ЕУ не може да си дозволи да гледа како се разгоруваат внатрешни политички тензии во рамките на ЕУ

Македонија мора да ги почитува загриженостите на Софија смета данскиот европратеник Нилс Фуглсанг, претставник на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи.

 

Тој најавува дека има мали шанси македонското прашање во ЕУ да биде решено во рамки на Данското претседавање со ЕУ кое завршува во Декември.

 

Во разговор за БНР, Фуглсанг вели дека Македонија треба сериозно да ја сфати позицијата на Софија. Според него, загриженоста на Бугарија е препознаена на европско ниво и е вклучена во францускиот предлог – кој се смета за клучна рамка за идните преговори.

 

„Веќе имаме француски компромис кој го зема предвид ставот на Бугарија и тој мора да се почитува. Тој носи значителна политичка тежина“, изјави Фуглсанг.

 

„Ако С. Македонија е сериозна во врска со приклучувањето кон Европската Унија, треба да разбере дека гласот на Бугарија е важен. Не можеме да си дозволиме да гледаме како се разгоруваат внатрешни политички тензии во рамките на ЕУ.“

 

Тој, исто така, призна дека иако дискусиите со Македонија се во тек, конечниот договор е малку веројатен за време на сегашното претседателство на Данска со Советот на ЕУ. Процесот, додаде тој, ќе биде предаден на претстојното кипарско претседателство.

 

Најчитани статии

 

Македонија екстрадирала турски државјанин баран со црвена потерница

Најнови вести од: Македонија

Премиерот објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката

Во Владата беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет.

Нема енергетска криза – државата има резерви од мазут, вели министерката Божиновска

Државата има резерви од мазут, нема да има енергетска криза, децидна е министерката за енергетика, Сања Божиновска, откако беше прашана што ќе се случи по барањето на АД ЕСМ државата да прогласи енергетска криза за да може компанијата да користи околу 11 илјади тони мазут од државните резерви за потребите на термоцентралите.

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top