Македонија

Мухамеди: Партија што се занимава со чантата на сопругата на градоначалникот е зрела за стечај

Адвокатот и граѓански активист го „закопа“ СДСМ за најновата утка со чантата на сопругата на Орце Ѓорѓиевски

Адвокатот и граѓански активист Умејр Мухамеди ја коментира утката на СДСМ со чантата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за која тврдеше дека е од брендот „Хермес“ и чини 30.000 долари, а всушност е купена од „Обуќа Метро Македонија“ за 944 денари, и тоа на попуст.

„Да објавуваш од официјалната страница на партијата за тоа колку пари чинела чантата на сопругата на Градоначалникот е добар показател дека оваа партија е на добар пат да оди во стечај“, коментира Мухамеди на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top