Бизнис

Трајановски за Гостивар – Букојчани: Од 31 км, активно се работи на 11, тој потег реализиран 59 отсто

На терен се 590 работници, над 500 машини и 55 камиони, „рапортира“ директорот на ЈП за државни патишта

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, со детали за досегашната изградба на автопатот од Гостивар до Букојчани.

„На делницата долга 31 км активно се работи на 11 км – со речиси 59% реализација на тој потег. Работите не запреа ниту во зима!

Во изградба се 4 моста и 1 натпатник. Мостот на 7-миот километар е во завршна фаза и веќе се вози по двете ленти.

На терен се 590 работници, над 500 машини и 55 камиони. Само за една недела е извршен ископ на 45.000 м³ земја.

Изграден е камп за над 1.200 лица, а работите се одвиваат со силна вклученост на домашни компании“, „рапортира“ Трајановски.

„Со изградбата на сите делници од Коридор 8 и 10, заедно со Кичево–Охрид, ќе добиеме целосен автопат од Скопје до Охрид – побрз, побезбеден и со силен економски и туристички бенефит.

Градиме со силно темпо – резултатите веќе се гледаат!“, додава тој.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Најнови вести

To top