Македонија

Започнуваат Велигденски пости

Великиот пост трае 7 недели и завршува ден пред Велигден, најголемиоот празник за христијанските верници, кој оваа година паѓа на 12 април

Велигденскиот пост трае седум недели,  од Прочка до Велигден. Иако времетраењето е 48 дена, тој се нарекува Четириесетница.

Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена. Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица, а во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена.

Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.

40-дневниот пост го симболизира времето што Христос го поминал во пустината како подготовка за својата жртва. Затоа, се верува дека лишувајќи се од блажена храна, човекот го прочистува своето тело и душа.

Некои од верниците вообичаено се придржуваат на строг пост – само на вода – освен во сабота и недела кога се дозволува употреба на масло и вино. Масло и вино се допуштаат и на одредени празници, како и на Велики Четврток, поради споменот на Тајната вечера. Риба се јаде само на Благовештение и на Цветници, а на Лазарева сабота се дозволува икра.

Првите три дена од постот, познати како тримери, некои верници доброволно ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително за сите.

Велигденскиот пост се смета за најстрог облик на постење и подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи што ги содржат, а во одредени денови и од масло и вино. Исхраната е претежно од растително потекло.

Постот не е само телесно воздржување. Неговата суштина е духовна. Тој подразбира откажување од гревот, од лошите мисли, зборови и дела. Време е за покајание, исповед, молитва и правење добри дела. Како што поучуваат светите отци, постењето без духовна преобразба нема вистинска вредност.

Во текот на постот верниците се повикуваат да се воздржат од завист, осудување, кавги, гнев и злоба, да се оддалечат од непристојни зборови и лоши навики, да покажуваат повеќе љубов, трпение и милосрдие. Постот е време на духовна будност, на читање на Светото писмо, на учество во богослужби и на внатрешно преиспитување.

Целта е доброто да стане навика и начин на живот.

Најнови вести од: Македонија

Николовски: Од септември Скопје ќе ги добие првата делница од Градскиот воз и првите 30 нови автобуси

Од септември Скопје ќе ја добие првата делница од Градскиот воз од Зелениково до транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси доколку успешно заврши јавната набавка по Велигденските празници, истакна во вчерашното гостување во “Само Интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

To top