Македонија

Артан Груби е спроведен во затворот во Шутка

Груби до овој момент во затворот не е посетен од адвокат.

Поранешниот прв вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби е спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

-Лицето кое утринава беше приведено на граничниот премин Блаце од страна на полициски службeници е предадено кај нас. Приемот во затворот е извршен согласно сите процедури, потврдува за Курир директорот на затворот „Скопје“, Бобан Утковски.

Груби до овој момент во затворот не е посетен од адвокат.

Министерството за внатрешни работи потврди дека утринава во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ.

Груби се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Како раководител на владината седница, Груби го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Време е Артан Груби да се соочи со правдата (ВИДЕО)

Криминалот на бегалецот од правдата Груби, достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните

Стразбур го прашува Скопје за „бомбите на Заев“ и пресудата за Сеад Кочан

Никогаш не било спроведено експертско вештачење на нелегално прислушуваните разговори, врз основа на кои бизнисменот Сеад Кочан бил осуден во процесот „Труст“ на казна затвор од 4 години и 8 месеци

To top