Македонија

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство, наменет за едукација и поддршка на децата, родителите и наставниот кадар.

Во соработка со Министерството за образование и наука, овој документ ќе биде доставен до основните училишта во земјава. Материјалот е изработен од стручно лице, психологот Деспина Стојановска, која што ги предводеше едукативните работилници со учениците. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини кои се приклучија на кампањата на „Макпетрол“ се одржаа 620 работилници на кои присуствуваа над 18,000 ученици.iz

„Проблемот со врсничкото насилство во нашето општество, а и во светот, е сериозен и пристапот кон решавање на истиот треба да биде долгорочен. Токму затоа, како дел од кампањата на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, од страна на психологот Деспина Стојановска е направен овој прирачник. „Макпетрол“ е компанија која кон секој сегмент од своето работење пристапува долгорочно, па така и кон оваа општествено-одговорна кампања. Во целост, вклучувајќи го и прирачникот, оваа кампања остави печат и постави нови стандарди во општеството за тоа што значи да се биде општествено одговорен. Ми претставува особена чест и задоволство што Министерството за образование го препозна овој успех и што денес одбележуваме почеток на заедничка соработка. Нашата надеж е дека овој прирачник ќе биде успешно искористен во училиштата и ќе обезбеди дополнителна поддршка при развојот на учениците“, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, главен оперативен директор на „Макпетрол“.

Како психолог кој што директно разговараше со учениците во текот на работилниците, Деспина Стојановска имаше увид за тоа каква е нивната меѓусебна комуникација, какви се односите и какви се размислувањата, не само во поглед на булингот, но и за низа други прашања. Врз основа на тоа практично искуство таа и го напиша прирачникот.

Прирачникот е објавен преку издавачката куќа „Арс Ламина“. Материјалот ги помина сите процеси на одобрување од Бирото за образование, како и од Министерството за образование и наука, кое што ја поддржа оваа активност на македонската компанија. Освен на македонски, прирачникот е објавен и на албански, турски, српски и на босански јазик.

„Поводот за денешната средба е исклучително успешната кампања која ‘Макпетрол’ ја водеше против врсничкото насилство. Би сакала да се заблагодарам за оваа кампања и за крајниот производ, а тој е прирачник против врсничко насилство, кој во соработка со МОН ќе биде дистрибуиран во училиштата. Им благодарам особено многу на раководните структури за нивната општествена одговорност, затоа што на Министерството му е полесно да се справува со предизвиците кога има што е можно повеќе партнери во борбата против негативностите кои се јавуваат во општеството. Како што сум информирана, спроведени се околу 620 работилници, во кои учествувале над 18.000 ученици и над 3.000 родители, што е од исклучителна важност за нашето општество, односно за младите луѓе кои утре ќе го водат општеството. Оттука ги повикувам и другите компании кои се во можност да покажат општествена одговорност. Министерството е отворено за соработка“, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ изминативе две години значително го зголеми интересот на јавноста за овој сериозен проблем. Освен за ученици, беа организирани 17 работилници што ги посетија повеќе од 3.000 родители, се одржаа два големи отворени настани, а интернет-страницата kreniglas.mk и натаму функционира како платформа што содржи информации за подобро разбирање на проблемот со булингот. На оваа тема беа испечатени и доставени и едукативни материјали во над 10.000 примероци.

Општествената одговорност, со особен фокус на децата и на младите генерации, и во иднина ќе биде една од најзначајните стратешки цели на „Макпетрол“.

Најнови вести од: Македонија

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Нови можности за локалниот бизнис – Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Скопје

Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

Високото образование треба да создава стручни луѓе, а државата да бара отчетност од универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За лажна работна виза за Германија тетовка му платила 3 илјади евра на сограѓанин, потоа „испарил“!

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

To top