Македонија

Трипуновски: Потребно е унапредување и прецизирање на оризопроизводството

Ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема, вели министерот за земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека во тек е подготовка Стратегија за оризопроизводство.

Во гостување на ТВ „Стар“ министерот вели дека како држава ни е важно да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“,

Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.

„Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој.

„Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

To top