Македонија

Стојановски: Платите на јавните функционери да се намалат за 13.000 денари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе пакет предлог-измени на шест закони со кои се регулираат платите на избраните и именуваните лица, со цел да се обезбеди поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата

Со измените се предвидува намалување на платите на јавните функционери – пратеници, министри, судии, јавни обвинители и членови на судските и обвинителските совети – во просек од 10.000 до 13.000 денари, а кај дел од позициите и повеќе.

Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека основната цел е воспоставување поправична распределба на јавните средства, пренесува „Лидер“..

„Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите со што се обезбедува рационално користење на средствата од Буџетот“, посочи тој.

Според него, законското решение е уставно издржано.

„Ова законско решение е целосно во согласност со Уставот и јасно ги дефинира коефициентите за пресметка на платите, почитувајќи ги начелата за поделба на власта и социјална праведност“, нагласи Стојаноски.

Предвидена е и нова скала за платите на градоначалниците, зависно од бројот на жители во општините.

Стојаноски истакна дека мерката не е симболична, туку суштинска. „Ова не е само гест, туку суштинска промена со која се воспоставуваат реални висини на плати“, рече тој, додавајќи дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјална поддршка.

Предлог-законите се поднесени по скратена постапка, а предлагачите очекуваат широка поддршка и нивно усвојување во најбрз можен рок.

Најнови вести од: Македонија

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

To top