Македонија

Орце Ѓорѓиевски на традиционалната ифтарска вечера

Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, порача градоначалникот на Скопје

На покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа присуствувал на традиционалната ифтарска вечера:

„Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, објави градоначалникот на социјалните мрежи.

Рамазанските денови, додаде тој, се денови на духовна сила, добрина, солидарност и на обединување.

„Денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето. Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша Ѓорѓиевски.

На сите верници им посакувам лесен и благословен пост, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top