Свет

Четворица убиени со нож во американската држава Вашингтон

32-годишен маж oсомничен за масакрот подоцна бил застрелан и убиен од локалните шерифи

 

Нападот се случил во вторник наутро. По добиена информација дека осомничениот прекршил наредба за забрана за приближување до куќа на неговата мајка, шерифи од округот Пирс во американската држава Вашингтон, се упатиле да му ја достават наредбата лично, јавуваат АП и Ал џезира

Но, додека полицајците биле на пат, 32-годишникот наводно почнал да ги боде луѓето пред куќата на островот Ки.

На првиот заменик му биле потребни околу три минути да пристигне, и да го ликвидира напаѓачот.

Три од жртвите на нападот починале на самото место, додека четвртата била итно префрлена во болница, каде подоцна им подлегна на повредите.

Домот каде што се случил масакрот ѝ припаѓал на жена која поднела барање за едногодишна наредба за заштита од својот син.

Таа тврдела дека нејзиниот син ѝ упатувал заканувачки пораки и страдал од проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции.

Најнови вести од: Свет

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top