Македонија

Мухамеди за пратеникот со албанско знаме: Срамота е да изиграва ,,Голем Албанец” со 5 пати поголема плата од просечен Албанец

Доблесно би било да се откаже од платата која ја зема во денари

Граѓанскиот активист Умејр Мухамеди го коментира настапот на пратеникот Ријад Шаќири кој во собранието се појави со значка со албанско знаме.

Според Мухамеди големиот Албанец Шаќири кој има 5 пати поголема плата од просечен Албанец треба да се откаже од својата голема плата.

Срамота е во вакви услови Шаќири да глуми Голем Албанец, смета Мухамеди.

,,Пратеникот Ријад Шаќири кој се појавува со албанско знаме во Собранието на РМ доблесно би било да се откаже од платата која ја зема во денари а која е повисока од 90% од останатите граѓани на Македонија.

Срамота е да изиграва “голем Албанец” во ситуација кога просечниот Албанец во Македонија зема 5 пати пониска плата од неговата”, смета Мухамеди.

Најнови вести од: Македонија

To top