Свет

Трамп: Војната во Иран е поважна од цената бензинот

Глобалните цени на нафтата скокнаа за 16 отсто од почетокот на војната во саботата, бидејќи проширувањето на конфликтот го наруши снабдувањето на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради зголемувањето на цените на бензинот во Америка предизвикано од проширувањето на конфликтот во Иран.

Во ексклузивното интервју за Ројтерс, Трамп изјави дека воената операција на САД е негов приоритет.

„Не сум загрижен за тоа“, рече тој на прашањето за повисоките цени на бензинот.„Тие ќе се спуштат многу брзо кога ќе заврши сето ова, а ако се качуваат нагоре, ќе се качат“.

Трамп наајави дека воената кампања против Техеран ќе трае од 4 до 5 недели, но политичките и воените експерти се сомневаат во тоа, истакнувајќи дека американската влада допрва треба да ја артикулира својата крајна цел бидејќи конфликтот продолжува да се шири низ регионот и пошироко.

Во интервјуто, Доналд Трамп рече дека нема намера да ги користи стратешките нафтени резерви и дека е убеден дека Ормускиот теснец, критичниот канал за испорака на нафта во близина на Иран, ќе остане отворен бидејќи иранската морнарица се наоѓа на „дното на морето“.

Глобалните цени на нафтата скокнаа за 16 отсто од почетокот на војната во саботата, бидејќи проширувањето на конфликтот го наруши снабдувањето на Блискиот Исток.

Просечната цена на бензинот во САД скокна за 27 центи од минатата недела на 3,25 долари за галон.

Просечната цена во земјава во моментов е за 15 центи повисока од пред една година.

Трамп вели дека цените „не се зголемија многу“.

Тоа е промена во тонот на претседателот, кој минатиот месец се пофали со падот на цените на бензинот во неговото обраќање за состојбата на Нацијата и на енергетскиот собир во Тексас само неколку часа пред САД да ги започнат своите воздушни напади.

Најнови вести од: Свет

Шпекулации за здравјето на Трамп: Белата куќа вели дека е од превентивен крем

Белата куќа не го потврди конкретниот крем или основната состојба, туку само ја опиша како „многу вообичаен превентивен третман“. Оваа состојба е вообичаена кај постари лица со долга изложеност на сонце, а третманот често предизвикува привремено интензивно црвенило и иритација.

„Голема Северна Америка“: Нова стратегија на Пентагон за Западната хемисфера (ВИДЕО)

Според Хегсет, Пентагон ја нарекува оваа област „Голема Северна Америка“ (Greater North America) и ја смета за клучен безбедносен периметар на САД. Таа ги опфаќа сите земји и територии северно од екваторот – од Гренланд до Еквадор и од Алјаска до Гвајана.

Лондон: Не беше ирански дронот што ја нападна нашата база на Кипар

Велика Британија допрва треба да потврди од каде точно е лансиран дронот и кој е одговорен за нападот врза базата Акротири на Кипар која игра важна улога во стабилноста во Источниот Медитеран и Блискиот Исток

To top