Македонија

Филипче убеден дека ќе има предвремени избори!

Се надева владата да се соочи со сериозни политички и економски предизвици

 

И покрај јавните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, дека нема да има предвремени избори, претседателот на СДСМ е убеден дека тие ќе се случат.Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Клик пулс“ на ТВ 21 изјави дека очекува да се случат предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што оцени, актуелната власт ќе се соочи со сериозни политички и економски предизвици.

Како аргументи дека тоа е извесно, тој ја наведе состојбата со буџетот, која според него е сериозна, со зголемен дефицит, поради што има притисок врз исплатата на плати и обврски кон фондовите, а прашањето за обезбедување средства станува сè поактуелно. Тој оцени дека се земаат нови заеми со непознати услови, што дополнително ја зголемува финансиската неизвесност.

Филипче предупреди и дека незадоволството кај граѓаните ќе расте, особено во услови на економски притисок и најавени протести од синдикатите.

„Предвремени избори не само што ќе има, туку нема да знаат каде да избегаат претставниците на власта од проблемите во коишто ќе се најдат заради нивните погрешни политики. Прво толкава е ‘дупката’ во буџетот, поради што во прашање е доведена исплатата на пензиите и на платите. Од каде ќе најдат пари. Еве, сè некои нови заеми со непознати камати се замаат од којзнае каде. Значи незадволството ќе расте. Еве, што прави Владата за да ги спречи протестите коишто ги најавија синдикатите. Ништо не прават, и ќе се соочат со револт“, вели Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top