Спорт

Елмас во тимот на колото во Серија А

Играчот за врска на македонската репрезентација со признание за настапот против Торино и за првиот гол за Наполи по 832 дена

Италијанската фудбалска лига Серија А му оддаде признание на Елиф Елмас со место во најдобриот тим на 28. коло за извонредниот настап во победата на Наполи од 2:1 над Торино, крунисан со гол за тимот од Неапол по 832 дена, за што репрезентативецот на Македонија доби оценка 7.

Покрај „македонскиот дијамант“, во идеалниот состав на колото се најдоа и Мањан и Еступињан од Милан, Марушиќ и Малдини од Лацио, Јилдиз и Камбјасо од Јувентус, Роу од Болоња, Скамака од Аталанта, Боуи од Верона и Да Куња од Комо.

 

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

Најнови вести

To top