Спорт

Елмас го „отвори“ кипарски Пафос во Конференциската лига

Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол за Аталанта во триумфот оф 3:1 во Бергамо

UECL R1 Atalanta vs Pafos

Со експресна реализација уште во првата минута, Елиф Елмас се запиша меѓу стрелците на Аталанта во триумфот од 3:1 во Џенова против Пафос од Кипар на стартот од лигашката фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Само три дена по црвениот картон против Венеција во Серија А, кога беше и асистент, 27-годишниот играч за врска на репрезентацијата на Македонија се претстави во многу подобро издание на европската сцена, за што зборува и оценката 7,6, трета највисока меѓу домашните фудбалери.

За „македонскиот дијамант“, кој го одигра целиот натпревар против Пафос, ова е прв погодок сезонава за клубот од Бергамо, за кој настапува од летоска како зајмен играч од Лајпциг.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top