Македонија

Избран изведувач за обнова на Универзалната сала

На јавниот повик се пријавиле само две компании, но едната од нив не ги исполнувала условите поради проблеми со лиценците

 

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше дека е избран изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.

Одлуката за избор на изведувач била донесена минатиот понеделник, објави „Фактор“, но процесот во моментов е во фаза на чекање бидејќи е поднесена жалба, по која треба да се произнесе второстепената комисија.

„ Евалуацијата на документацијата заврши и ја донесовме одлуката за избор на изведувач. Чекавме десет дена, но претпоследниот ден беше поднесена жалба. Сега ја чекаме одлуката на второстепената комисија, по што веднаш ќе пристапиме кон потпишување на договорот и почеток на реконструкцијата“, изјави Љутков.

Министерот нагласи дека средствата за изградбата веќе се обезбедени и дека очекува овој пат тендерската постапка успешно да заврши, за разлика од претходниот обид кога тендерот пропадна.

На јавниот повик се пријавиле само две компании, а според Љутков, една од нив не ги исполнувала условите поради проблеми со лиценците.
Рокот за изградба на Универзалната сала е две години, а ќе започне да тече десет дена по воведувањето на изведувачот во работа.
Објектот ќе има капацитет од околу 1.200 седишта, современа акустика и нови технолошки системи.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top