Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати прикриена закана дека ќе го ликвидира новиот врховен лидер на Иран Мојтаба Хамнеи, пренесува Ројтерс.
На својата прва прес-конференција од почетокот на војната, израелскиот лидер рече дека Иран „повеќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел напади врз својот елитен корпус на Исламската револуционерна гарда и паравоените сили.
Тој вети дека ќе продолжи со нападите i против либанскиот Хезболах откако групата поддржана од Иран отвори оган на 2 март за да се одмазди за атентатот на Израел на иранскиот врховен водач Али Хамнеи – таткото на Моxтаба Хамнеи – на почетокот на војната.
„Не би издал животно осигурување на ниту еден од водачите на терористичката организација. Нема да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој одговарајќи на прашање.
Сепак, тој призна дека заедничката воздушна војна на Израел со САД можеби нема да ја собори владата во Техеран.
Додека зборуваше Нетанјаху, предупредувањата за ирански ракетен оган можеа да се слушнат низ поголемиот дел од централен Израел.