Свет

Трамп: Верувам дека е жив, во некоја форма

Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавност од неговиот избор за врховен верски лидер на Иран (по убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи), а неговите први коментари беа прочитани од телевизиски водител во четвртокот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти новоименуваниот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но „оштетен“, по извештаите дека Хамнеи бил повреден за време на војната на САД и Израел против Иран.

„Мислам дека веројатно е. Мислам дека е оштетен, но мислам дека веројатно е жив во некоја форма, знаете“, рече Трамп во интервјуто за Фокс њуз.

Фокс њуз ги објави неговите забелешки доцна во четвртокот, а интервјуто требаше да се емитува во денеска во 10:06 часот по средноевропско време.

Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавност од неговиот избор за врховен лидер (по убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи), а неговите први коментари беа прочитани од телевизиски водител во четвртокот.

Ирански официјален претставник изјави за Ројтерс во средата дека новиот врховен лидер е лесно повреден, но сè уште функционира, откако иранската државна телевизија го опиша како ранет од војна.

Изјавата дојде во момент кога војната меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел се приближи до границата од две недели, при што конфликтот уби илјадници луѓе и ги потресе финансиските пазари.

Во објава на неговиот „Truth Social“, Трамп изјави дека „Целосно го уништуваме терористичкиот режим на Иран, воено, економски и на друг начин“

„Имаме неспоредлива огнена моќ, неограничена муниција и многу време“, додаде тој.

Во интервјуто Трамп зборуваше и за амбициите на Иран на Блискиот Исток, наведувајќи дека во последните четири месеци таа земја имала „илјадници проектили насочени кон земјите од регионот“.

Според него, Иран сакал „да го преземе Блискиот исток“ и да ги контролира земјите како Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман и Саудиска Арабија. Зборувајќи за безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец, Трамп рече дека бродовите треба „да поминат и да покажат малку храброст“, додавајќи дека Иран, како што наведе, „нема морнарица“ и дека „сите нивни бродови се потонати“.

„Гледајте што (ќе) се случува со овие разбеснети ѓубриња денес. Тие убиваат невини луѓе ширум светот 47 години, а сега јас како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, ги убивам.

Каква голема чест е да се направи тоа!“, заклучи Трамп.

 

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top